Search
Search
Бисера Костадиновска Стојчевска / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Костадиновска Стојчевска: Инспекторатот за македонски јазик е правно формиран, директор ќе се именува по изборите

Во интервју за „Слободен печат“ министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска се осврна и на донесениот Закон за употреба на македонскиот јазик, како и обврските и активностите на Министерството што произлегуваат од тој закон.

„Законот на огромно задоволство на сите се донесе во втората половина на јануари и од тогаш ги започнавме подготовките за се она што произлегува од самиот тој закон.
Покрај задолжителното вработување на лектори во секоја институција она што беше исто така голема придобивка е и инспекторатот за македонски јазик кој што правно се формираше. Меѓутоа заради почетокот на изборите и неможноста да се именува директор на тој инспекторат тоа ќе мора да почека до завршување на изборите. Што значи дека правно во рамките на Министерството бидејќи тоа е инспекторат кој што ќе функционира во рамките на Министерството за култура, правилниците и сите пропратни документи и законски акти се направени“, рече таа.

Костадиновска зборуваше и за состојбата со лиценцирани лектори по македонски јазик

„Според она што го имаме во министерството за култура како податок, досега имаме 484 лиценцирани лектори кои ги добиле своите лиценци од почетокот кога се воспоставил тој испит за лиценцирани лектори до 2015 и од 2017 година наваму. Ги споменувам тие години затоа што имаше одреден прекин во издавањето на тие лиценци кога тоа полагање за лекторски испит се префрли онлајн кога падна навистина многу интересот за ваквото лиценцирање и повторно во 2017 година се врати назад на истиот начин за полагање на лекторски испит“ посочи Костадиновска Стојчевска.

АКТУЕЛНО