Search
Search

Ковачевски: Ќе побараме одговор од МНР зошто нашата национална телевизија не се емитува во Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека ќе побара информација од Министерството за надворешни работи зошто програмата на македонската национална телевизија не се емитува во Бугарија, како што се емитува Бугарската национална телевизија (БНТ) кај нас.

– Веднаш ќе ги контактираме Министерството за надворешни работи и нормално македонската телевизија, која што треба да зрачи и штом ќе достават официјален одговор, како и одговор од бугарските официјални институции тогаш ќе го споделиме со вас, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање дека според Договорот за пријателство со Бугарија националните телевизиски канали треба да емитуваат програма како во Северна Македонија, така и во Бугарија.

Тоа засега не е случај, бидејќи нашата национална телевзија не се емитува во Бугарија.

АКТУЕЛНО