Во изминатата година и половина јас не ги менувам моите ставови дневно како што тоа го прават некои политичари, јас и тогаш кажав и сега повторувам уште еднаш дека изборите ќе бидат редовни, рече премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во Сител телевизија. Тој кажа дека прво треба да се одржат претседателските избори во својот редовен термин, па потоа парламентарни исто така во своите редовен термин, бидејќи, како што рече, во државата постојат и Закони и рокови кој што требат да се почитуваат бидејќи на таков начин се гради демократско општество од кој што учат младите генерации како да унапредуваат во иднина.
-Рамо до рамо со граѓаните е практично една активност кој што ја спроведува нашата партија која што е во насока на презентирање на граѓаните и на нашите симпатизери и членови на се она што е направено од страна на Извршаната власт во текот на изминатиот години од кога СДСМ ја има честа и одговорноста да управува со македонската влада, заедно со своите коалициони партнери, но истовремено и да слушнеме што е она која шпто е потребно да се направи во иднина и да биде дел од нашата следна програма, во делот на исполнување на очеклувањата на граѓаните. Ова се поклопува и со нашиот роденден на партијата СДСМ вчера славеше 32 години од своето формирање сакам на сите членови и симпатизери на партијата да ја искористам ова можност да им го честитам 32 роденден и да посакам уште многу успеси и победи и унапредување на македонското општество под водство на СДСМ, се разбира во соработка со сите демократски сили кој што ги имаме во нашата држава, кажа Ковачевски.
Според него, што се однесува до животниот стандард направени се огромен број на мерки коишто се однесуваат за заштита на животниот стандард.
– 760 милиони евра антикризни мерки кој што според Светската банка се најголемиот пакет антикризни мерки споредено со сите земји во регионот,еднократна помош финансиска во текот на зимските месеци за најранливите категори на граѓани, да не повторувам зголемување на минималната плата, пензиите, просечната плата сето тоа влијаеше на одржување на животниот стандард и секако предностите во делот на намалувањето и на замрзнувањето на цените на основните прехранбени продукти кој што беа направени преку детални анализи на овие производи и нормално преку ставање во погон на сите инспекциски служби кој што тоа трееба да го следат, гледате дека сите тие мерки дават резултат бидејќи 4 месеци по ред инфлацијата во државата се намалува, заклучи Ковачевски.