Search
Search

Курти: Изненадува молкот на меѓународниот фактор

Косовскиот премиер Албин Курти по состанокот на Советот за безбедност изјави дека се разговарало за „вчерашната агресивна акција на Србија“ и за општата безбедносна ситуација, особено на северот.

„Безбедносните институции дадоа свои оценки, ги споделија најновите податоци и предложија свои препораки“, рече Курти.

Курти киднапирањето на косовските полицајци вчера го нарече „агресија и намера за ескалација и дестабилизација“, во моментот кога Владата го предложи планот за деескалација на ситуацијата. Курти рече дека Србија не е променета, а однесувањето на меѓународниот фактор го оцени како чудно.

„Она што е чудно е молкот и толеранцијата на меѓународните фактори кон постапките на Србија“, рече Курти.

Поради вчерашниот случај, Курти рече дека безбедносните институции „го зголемиле степенот на подготвеност“, а посочи дека поради безбедност се зголемени проверките на возилата со српски регистарски таблички.

Тројца службеници на граничната патрола биле киднапирани во средата од специјална единица на српската полиција, според косовската полиција, „длабоко на територијата на Република Косово“. Тие беа, како што се наведува, на статична точка на местото Тресаве/Баре.

Курти рече дека се сомневаат дека „биле киднапирани од српската војска, јасно како одмазда на Србија за „вчерашното апсење на озлогласениот криминалец Милун Миленковиќ – Луне“.

 

АКТУЕЛНО