Search
Search

„Лајка“ ќе заловува бездомни кучиња во неколку населби

ЈП „Лајка“ ги известува граѓаните дека заловувачкиот тим на претпријатието ќе почне со стратешко заловување во општина Центар.Тимот на заловувачи ќе биде на терен во општина Центар од 26 до 30 јуни.

– Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овој реон а кое го нема поминато хуманиот третман. Заловувачкиот тим ќе ги посети следниве локации: Пролет, Маџир Маало, Крњево, Ново Маало, Тасино Чешмиче, Панорама, Водно, Капиштец, Буњаковец, Дебар Маало и Градски Парк, информираат од ЈП „Лајка“.

Пешева од „Лајка“: Од 10 општини редовно исплаќале само две

Директорката на „Лајка“ Радмила Пешева пред извесно време во разговор за Градска.мк, истакна дека нејзиното претпријатие се бори со сета своја сила во сите општини  да се реши проблемот, без средствата кои треба да ги добиваат од општините, но и со ограничен персонал во претпријатието вели дека и се врзани рацете.

Покрај градот, пари за „Лајка“ треба да дадат и општините кои е потребно да исплатат по два милиони денари на годишно ниво. Од вкупно 10 општини во 2022 година на пример, според статиститките редовно исплаќале само општините Аеродром, Центар и Гази Баба. Одредени исплати имало и од Бутел и Ѓорче Петров, додека другите општини не платиле ништо.

АКТУЕЛНО