Престижниот француски весник „Ле Монд“ објави текст во кој се третираат актуелните случувања на северот на Косово и меѓународните реакции кон премиерот на Косово, Албин Курти. И покрај големиот притисок од Западот, се вели дека Курти и понатаму не сака да одржи нови избори во општините со мнозинско српско население во северниот дел на земјата, и покрај тоа што се соочува со зголемен притисок од западните сили. Во овој напис, Курти е остро критикуван за неговото „молчење“ на западните повици, а со тоа ризикува конфронтација со најголемите сојузници на Косово.
Познатиот француски весник написот го започнува со наслов „Албин Курти, нефлексибилниот премиер на Косово“. Додека во поднасловот стои дека и покрај големиот меѓународен притисок, премиерот Курти „се двоуми да организира нови избори во општините со српско мнозинство на северот на земјата“. „И покрај сиот западен притисок, шефот на косовската влада не сака да организира нови избори во општините со мнозинско српско население на северот од земјата“.
Ле Монд се фокусира на молкот на Курти кој се уште не дал јасна временска рамка за новите избори во четирите општини во северно Косово.
„Албин Курти може да одговори на трипати повторено прашање со едноставно „не“, без извик, а потоа да ја разоткрива својата порака без да ве слуша повторно, знаејќи да остане смирен, учтив и длабоко нефлексибилен“, пишува „Ле Монд“.
По натаму се вели дека стратегијата на Курти да ја предизвикува парадигмата на стабилност заштитена од западните сили, го разбудила алармот кај европските лидери.
Францускиот медиум понатаму ја опишува хронологијата на случувањата и „нефлексибилниот однос на Курти“ што доведе до „невиден конфронтација меѓу него и западните сили кои одиграа важна улога во независноста на Косово“.
„Одложувајќи ги западњаците, г. Курти (48) ризикува да започне невидена конфронтација со силите кои, сепак, дозволија независност на оваа мала балканска земја, интервенирајќи во 1999 година против српската армија, а потоа во поддршка на нејзиното прогласување независност во 2008 година. Никогаш порано не имало закани со санкции и репресалии против Приштина, но г. Курти одговара дека „Косово е најдемократската земја на Западен Балкан“, пишува „Ле Монд“.
И покрај тоа што емисарите од Брисел и Вашингтон го повикаа да ги одржи изборите до јули, Курти инсистира на воспоставување принципи со Белград пред да продолжи со обврските.
Тој уверува „дека не е ставен ултиматум на маса“ од западњаците и привремено за опасностите да западне во незгонда позиција: „Ситуацијата е смирена. Тој веќе не е јасен за создавањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, со кој се предвидува да му даде облик на автономија на ова малцинство, додека американскиот дипломат одговорен за Балканот, Габриел Ескобар, му даде рок до петок да претстави план“, продолжува написот.
Во написот се споменува и нацрт-статутот на Заедницата, предложен од албанцкиот премиерот Еди Рама.
„Дури и премиерот на Албанија, Еди Рама, е разочаран од нефлексибилноста на неговиот косовски колега со кој има тешки односи. Тој самиот дал предлог за натамошна криза, добивајќи критики од луѓето на господинот Курти“, се вели таму.
Н. А.