Search
Search

Лебот на одредени компании поскапе за 10 отсто, мелничарите очекуваат стабилизирање на цената

Лебот на одредени компании поскапи за 10 отсто.

Ваквата информација ја потврдија и мелничарите кои велат дека станува збор за импликација на зголемените цени на пченицата на светските берзи и регионалните пазари во мај за исто толку проценти.

Според претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора Горан Малишиќ, во наредниот период, со почетокот на жетвата, се очекува цената да се стабилизира и да се намали, односно да се врати на истото ниво како што беше и досега.

Тој напомена дека сè уште не се знае каков ќе биде квалитетот и квантитетот на пченицата и останува тогаш да се направат потребните анализи.

Минатиот месец некои од пекарите тврдеа дека лебот нема да поскапи следните два месеца, како и дека неговата цена е стабилна

АКТУЕЛНО