Експериментален лек за Алцхајмеровата болест развиен од „Ели Лили и Ко“ го забави когнитивниот пад за 35 отсто во доцната фаза на испитување, соопшти компанијата во средата, зголемувајќи ја надежта за вториот ефикасен третман против оваа мозочна болест.
Лекот наречен „донанемаб“ ги исполни сите цели за тестирање. Лекот ја забави прогресијата на болеста за 35 до 36 проценти во споредба со лажна супстанца кај 1.182 луѓе дијагностицирани со Алцхајмерова болест во рана фаза, врз основа на скенирања кои ја покажуваат концентрацијата на амилоидниот протеин и средно нивоа на тау протеинот, соопшти компанијата „Лили“, објави Ројтерс.
Други 552 пациенти кои учествувале во испитувањето имале високи нивоа на протеинот тау, што укажува на тоа дека тие ќе имаат помала веројатност да одговорат на лекувањето.
По комбинирањето на двете групи, лекот донанемаб ја забави прогресијата на Алцхајмеровата болест за 22 проценти, користејќи ја дизајнираната скала на компанијата за мерење на сознанието и активностите во секојдневниот живот и 29 проценти заснована на скала повообичаен начин за мерење на напредокот на деменцијата.
„Ова е најсилниот податок од третата фаза досега за лекување на Алцхајмеровата болест“, рече Марија Карило, виш научник во Здружението за Алцхајмерова болест.
Податоците објавени во вторник ја зголемија вредноста на акциите на компанијата „Лили“ за 5,6 отсто, додека вредноста на акциите на конкурентската компанија „Биоген“ падна за 2,5 отсто.
Н. А.