Search
Search

Лифтот со екипата на Итна помош паднал од втор кат во подрум, тројца повредени

Тројца од екипата на Итната медицинска помош се жалат на повреди откако лифтот во кој се возеле во зграда во Кислеа Вода паднал од втор кат во подрум. Екипата се движела кон шетиот кат во стан во кој била повикана за констатиација на смрт.

Луѓето се извлечени соопшти ЦУК.

Претходно ЦУК соопшти дека во 11:22 часот на 112 била добиена пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. Христо Татарчев бр.47, Кисела Вода, Скопје.

Иако според првичната информација беше наведено дека заедно со екипата бил и пациент, подоцна ЦУК соопшти дека во лифтот немало пациент, туку екипата на Брзата помош била во зградата на констатација на смрт.

АКТУЕЛНО