Search
Search

Луѓето се дрзнуваат на сè, но со една конфискација на дивоградба тоа ќе се промени, вели Герасимовски

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски вчера гостуваше во емисијата „Трилинг“ на „ТВ24“ и зборуваше за предлог Иницијативата за конфискација на нелегално изградените објекти.

– Ако може да се градат дивоградби на централното градско подрачје кое е секогаш е лупа од граѓаните и новинарите може да замислите што се случува во другите општини, вели Герасимовски.

Луѓето се дрзнуваат на сè, но со една конфискација на дивоградба тоа ќе се промени, смета Герасимовски.

– Со една конфискација на дивоградба мислам дека секој којшто досега правел дивоградби ќе размисли неколку пати дали да отпочне пак да гради, кажа Герасимовски.

 

АКТУЕЛНО