Search
Search

Македонците вистински љубители на такси превозот – за една година имало над 13 милиони патници

Граѓаните користат различни транспортни средства за да стигнат до нивната дневна дестинација и да ги исполнат своите обврски. Почнувајќи од класичен превоз со автомобили, автобуси, велосипеди и мотоцикли па се до такси.

Граѓаните на Северна Македонија, според бројките што ги има објавено Државната агенција за статистика, се љубители на такси превоз.

Во податоците се наведува дека во текот на 2022 година биле превезени над 13 милиони патници.

„Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, превезени се 13 566 000 патници, од кои 12 557 000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот превоз се превезени 1 009 000 патници“.

Од статистиката посочуваат дека со 1.709 автомобили се поминати 52 милиони километри, при што само во градскиот превоз се направени 52 милиони километри.

„Со 1.709 патнички автомобили опфатени во истражувањето се изминати вкупно 58 135 000 километри, од кои 52 044 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 6 091 000 километри“, велат од Заводот за статистика.

Кога започна и зошто се користи зборот такси?

Постојат неколку верзии за потеклото на терминот такси. Постои теорија од историска природа, поврзана со системот за доставување пошта, кој како протагонист го гледа благородното германско семејство Thurn und Taxis (од каде што е изведен зборот „такси“).

Sign of a waiting taxi

Ова семејство, кое потекнува од кнезовите на Светото Римско Царство, уште од XV век, имало задача да го шири и управува поштенскиот систем во Европа и го задржала својот монопол до 1866 година.

Но каква врска има поштата со приватен превоз на патници? Пред раѓањето на моторните возила, оние на кои итно им требало да патуваат користеле кочија со коњи. На крајот на 18 век, семејството Thurn und Taxis, кое управувало со илјадници вагони и коњи со кои ја доставувале поштата, го развиле својот бизнис, користејќи ги и за превоз на патници.

Н. А. 

АКТУЕЛНО