Search
Search
фото/ Град Скопје

Маките на граѓаните ќе чекаат уште, набавката на новите автобуси пак не помина во Советот на градот Скопје

Во Советот на Град Скопје  уште еднаш не помина предлог одлука за домашно задолжување за набавка на нови еко-автобуси.  Советниците на денешната дваесет и осмата седница на Градoт Скопје со 13 гласа за , 4 воздржани и ниту еден против не дозволија да помине предлогот на градоначалничката Данела Арсовска и нејзините советници за набавување на 250 нови автобуси.

Советниците на СДСМ на нивните говори ги истакнаа нивните аргументи зошто не го подржуваат овој предлог, тие велат дека се за набавка на нови автобуси за градот, но прашуваат зошто не се набават со средствата кои се веќе поделени со проектот БРТ.

Градоначалничката Арсовска одговори дека на Скопје не и се потребни 60 колку се предвидени со БРТ проектот туку над 200 автобуси. Таа исто така им повторуваше на советниците да земат се во свои раце и проектот и документацијата, само граѓаните да имаат соодветен градски транспорт.

„Јас како градоначалник нај искрено ви кажувам, направете комисија и вие изберете, вие изберете кој да биде изворот на задолжување, вие изберете која ќе биде каматната стапка од понудените , вие изберете кои ќе бидат понудите, вие изберете која понуда да ја прифатите, еве Комисијата за финансирање и буџет на нејзе ќе и доставиме или одлучете та да биде она која ќе биде комисија која ќе одлучува, неа ќе ја задолжиме. Нема простор за да најдете изговори зошто луѓето нема да се возат во квалитетни автобуси„ рече во својот говор градоначалничката на Град Скопје  Данела Арсовска

Н.Ш

АКТУЕЛНО