Search
Search
Фото/ Бојан Маричиќ

Маричиќ: Жал ми е ако ВМРО-ДПМНЕ не се приклучи во работната група за уставните измени

Отворена е поканата до сите политики партии да делегират нивни претставници за учество во работната група на експерти која ја формира Владата на Северна Македонија за подготовка на амандмани за уставните измени, вели за Градска.мк, Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

 

-Од почетокот на ова недела сме веќе во разговори со неколку експерти, би требало во наредните неколку недели да ја официјализираме таа група, повеќето без проблем би се нафатиле да учествуваат во ова група, но секако ние ќе останеме на нашата првична идеја да ги поканиме сите политички парламентарни партии, барем тие што имаат пратенички групи и учествуваат во координации, да им пратиме покана или повик да номинираат нивни експерти на кои им веруваат или пак претставници на нивните политички партии. Секако ќе имаме трпение да ги чекаме нивните предлози , но нема бескрајно да чекаме. Експертите кои сме ги лоцирале се видни експерти во уставното право или носители на позиции кои се поврзани со уставот и со правото„ вели Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој жали што ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествува во ова група.

– Јас реков дека ја препуштија шансата при влез во НАТО, но не треба сега да ја препуштат шансата сега за влез во Европската Унија. Вратата ќе остане отворена за нивно приклучување во која било фаза, ние ќе испратиме и официјална покана. Сметаме дека од дијалог и разговор нема штета вели Маричиќ.

Премиерот Димитар Ковачевски претходно информираше дека за процесот на уставните измени следна фаза е формирање експертска работна група, што ќе биде координирана од Министерството за правда, со цел подготвување на амандманите, по што ќе има широка јавна расправа, а потоа и парламентарна, во неколку чекори.

АКТУЕЛНО