Search
Search

Матура ќе има, Испитниот Центар го стави штрајкот во мирување

Државниот испитен центар ќе го стават во мирување штрајкот. Како причина за тоа ги наведуваат сомнежот дека ако присилно се спроведе матурата може да ја доведе во прашање валидноста на тестовите.

Оваа одлука ја соопштија по изјавата на министерот за образование и наука Јетон Шаќири дека матура на 27 мај мора да има. Од Државниот испитен центар преку соопштение испратија порака до матурантите за случувањата и нивната одлука.

„Насилните мерки и притисоци на министерот Шаќири со обид да внесе надворешни лица во процесот на државната матура – процес кој е со висок степен на тајност, ќе ја доведе во прашање валидноста на тестирањето и резултатите од матурата. Вработените во Државниот испитен центар, како експерти во областа и лица со висок интегритет и чувство за општествена одговорност, одлучија да ја одложат борбата за своите права за достоинствен живот во корист на вашата иднина“ се вели во нивното соопштение.

Во соопштението е наведено дека министерот со одлуката да спроведе матура без вработените од ДИЦ може да им наштети на матурантите. Шаќири денеска повтори дека ако е потребно ќе испратат кадар од Министерството во ДИЦ да помогне да се завршат работните задачири дека ако е потребно ќе испратат кадар од Министерството во ДИЦ да помогне да се завршат работните задачири дека ако е потребно ќе испратат кадар од Министерството во ДИЦ да помогне да се завршат работните задачи.

Таквата можност вчера ја отфрлија од Синдикатот на ДИЦ, кои штрајкуваат три недели барајќи повисоки плати. Претседателката на Синдикатот, Емилија Бошковска вчера изјави дека поради тајноста на материјалите влезот во ДИЦ е забранет за надворешни лица, а во некои простории во Центарот не смеат да влегуваат ни сите вработени во институцијата.

Од штрајкот на ДИЦ беа засегнати 15. 620 матуранти кои се пријавени за 27 мај и на 10 јуни да ги полагаат двата екстерни испита.

 

 

АКТУЕЛНО