Search
Search
ФОТО: Wikimedia commons

Меѓународниот ден на пожарникарите – Сторија за спасувањето на една жена во земјотресот во Турција

Во денешниот ден, 4-ти мај, се одбележува Меѓународниот ден на пожарникарите, ден на кој ширум светот се истражуваат достигнувањата и жртвите на овие храбри луѓе.

Пожарникарите секојдневно се изложуваат на опасности и ризици за да ги заштитат луѓето и нивната имовина од пожари, експлозии, несреќи на патиштата и други несреќи. Тие се борат со огнените стихии со многу мутна и уморна работа, и го прават тоа без разлика на временските услови .

Градска.мк во оваа прилика ви пренесува репринт на сторија, чија цел е да се потсетуваме на пожртвуваноста на пожарникарите и нивната саможртва да им се помогне на другите.

За време на земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтер во Турција и Сирија, каде што животот го загубија над 50.000 луѓе, многу пожарникари и волонтери од Македонија тргнаа на помош.

Градкса.мк ви ја пренесува трогателната сторија на командирот на волонтерското здружение на пожарникари „Бајрам Мифтари“ од Скопје Артан Демири, каде тој детално го опишува настанот од моментот кога ја добил веста за земјотресот во Турција и Сирија, подготовките па се до тргнувањето за пат кон Адијаман.

Фото/ Артан Демири – командир на волонтерското здружение на пожарникари „Бајрам Мифтари“

Целиот град со 270 илјади жители беше целосно срамнет со земја

„Дури 11 градови беа погодени од катастрофалниот земјотрес. По 40 часа возење беше 2 часот по полноќ кога стигнавме во среда. Најголемиот ужас што може да го види еден тим, еден човек таму го видовме. Целиот град со 270.000 жители е целосно уништен. Тотално уништен. Дури и оние згради кои сте ги виделе преку средствата за информирање кои стојат се како фигури, вештачки стојат таму каде што се очекува да се урнат во секој момент, нагласи Демири, наведувајќи дека откако пристигнале во Адејаман поставиле шатори, но ноќните температури навечер достигнувале до -10, а преку ден +10 уште повеќе ја отежнувале ситуацијата.

По 110 часа спасуваат човечки живот

Командантот на доброволното противпожарно здружение Артан Демири за Цивил Медиа го раскажа најтрогателниот момент што го доживеале како тим. Тие заедно пронашле и спасиле жена при ископување со багер во целосно урната 9-катница.

„Голема среќа што ден денеска живее еден човек е што пристигнавме таму“, рече Демири.

„Првиот и вториот ден почнавме да работиме на копање и извлекување тела. Во таа зграда живееле 90 луѓе, од кои 60 останале заробени внатре. Тоа беше 9 катна станбена зграда, со површина од 1.500 до 2.000 метри квадратни. Имаше две згради близначки и паркинг меѓу нив, а едната беше целосно уништена, а другата за среќа на жителите не беше урната. Таму сите беа спасени, но во секој момент се очекуваше да се сруши“, нагласи Демири.

Тој го продолжи своето сведоштво велејќи дека „работеле два дена, а третиот ден било петок, околу два или два и пол часот, кога почнале да копаат со багер неговиот  колега Јусуфи слушнал врисок.

-Во тој момент ми рече да застанам. Му реков зошто да застанам? Ми рече слушнав врева, некој бара помош! Од една страна бевме пресреќни, тој момент не може да се опише. Сега од другата страна дупката е мала дупка, не знаеш што да правиш. Таа бара помош, нејзиниот син е мртов во нејзина близина, нејзиниот сопруг е мртов. Кога ја излековме не знаеше каде се наоѓа затоа што поминеа скоро 110 часа по земјотресот“.

Фото/ Артан Демири – командир на волонтерското здружение на пожарникари „Бајрам Мифтари“

Беше голем ризик, се очекуваше се да пропадне

Жената што ја спасиле имала 38 години, додека акцијата траела од 14 до 21 часот навечер. Демири нагласи дека е спасена, и дека сега е во добра здравствена состојба, но местоположбата било ужас, од каде биле во голема опасност бидејќи, како што вели, „имавме голем бетонски столб каде што од најмало невнимание можеше да ги изгубиме животите, а и тие околу нас“.

Овој ден е востановен во 1999 година за да се препознае непроценливиот придонес што пожарникарите го даваат во нивните заедници, честопати ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат други.

Н. А.

АКТУЕЛНО