Не се знае од што починало бебето на битолска гинекологија. Министерот за здравство, Фатмир Меџити кажа дека бебето било родено со тахикардија, а родилката е од Битола и има 24 години. Како било постапено при порудувањето – ќе утврдуваат комисии од Државниот санитарен здравствен инспекторат.
„Денеска бевме тука да видиме што бил и како бил случајот. Утре од ДСЗИ ќе испратиме комисија од инспектори, за да утврдат што било причината. Според првичниот извештај, било живо родено, со тахикардија, имало белодробрно-срцево оживување, понатаму се ќе кажеме кога ќе имаме дефинитивни резултати од институциите“, кажа Меџити.
Тој додаде дека дошол во посета на болницата за да види што е пропустот и што може да се подобри.
„Тука сме за да видиме што е пропустот и што може да се подобри. Длабоко сочуство за младата родилка, за изгубеното бебе“, додаде Меџити.
И за случајот кој пред три недели ја потресе јавноста, кога при лекување почина петгодишната Јана, Меџити рече: „И за Јана чекаме конкретен извештај од обдукцијата“.