Search
Search
Фото/ Wikimedia commons

Месец Рамазан во Скопје – Само во Чаршија секој ден се служат по 100 ифтари

„Ифтарска софра“ 10 години по ред служи околу 100 оброци (ифтари)- дневно во Старата скопска чаршија за граѓаните кои не можат да си дозволат, но и патници.

Арсим Лесковица од организацискиот совет на „Ифтарска софра“  во Скопје вели дека желбата и волјата за помош се зголемува особено во месецот Рамазан. Тој вели дека започнале со уште една активност, каде се подготвува готова храна, се пакува со високи стандарди на хигиена и се испраќаат до домовите на околу 100 сиромашни семејства.

Фото/ Ифтарска софра од Фејсбук профил

„Списоците се составени од информациите добиени од нашите пријатели за семејства кои имаат потреба од помош. Ваква организација направивме пред две години, но не толку добро организирана. Се надеваме дека и во наредните години ќе ја продолжиме оваа традиција, но се зависи од донаторите“, додава тој.

Лесковива вели дека неодамна создадената економска состојба кај нас ги отежнале состојбите на многу семејства. Инфлацијата предизвика дури и малиот буџет што го поседувале повеќе да го немаат.

Фото/ Ифтарска софра од Фејсбук профил

„Знаеме дека инфлацијата ги вади своите последици и луѓето можеби ја немаат и таа храна што ја имале, тоа се социјални случаи, има луѓе кои од различни причини останале без работа, затоа е потребно да им се олесни малку егзистенцијалниот товарот, особено во месецот Рамазан“, појаснува тој.

Главни донатори за овие хуманитарни организации според Лесковица  се граѓаните на Македонија, но и иселениците, велат организаторите.

Н. Ш.

АКТУЕЛНО