Search
Search

Меѓу првите одлуки на новата влада, се враќа оградата на Груевски

Владата вчера на седница ја задолжи Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) да почне постапка за враќање на оградата на владината зграда, која веќе еднаш беше поставена.

„Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опкружен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена“, се вели во владиното соопштение.

Истовремено, како што потенцираат од Владата, директорот на СОЗР Ивица Томовски информирал дека оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка.

Оградата беше поставена во 2015 година во време на Никола Груевски кога Владата претрпе измени и беше направена во барокен стил. Чинеше 700 илјади евра.

Инаку по смената на власта во 2017 година оградата беше тргната во февруари 2017, се сруши само нејзиниот метален дел, а бетонските столбови останаа, бидејќи, како што кажаа тогаш од Владата, нивното отстранување било скапо.

АКТУЕЛНО