Search
Search
ФОТО: МИА

Модна ревија на матурски фустани од 60-тите години на 20 век

Педесетина матуранти презентираа матурски фустани и облека на модната ревија „Матурска рапосидија“, што се одржа вчера во лапидариумот на Националната установа Музеј на Куманово. Преку ревијата беа презентирани модните трендови од 60-тите години на минатиот век.

– Сакавме да ги презентираме модните трендови на матурски фустан од 60-тите години и културата на живеењето, па сè до денес. Матурските фустани ги носеа сегашни матуранти од гимназијата „Гоце Делчев“ и „Перо Наков“. Дел од експонатите се од нашата сопствена збирка, друг дел се добиени по пат на откуп или подарок од градските семејства. Истражувањето траеше цела година и навистина е импозантно колку поголем број од градските семејства ги имаат сочувано фустаните, изјави м-р Анита Стојчевски, кустос советник од НУ Музеј Куманово.

Ревијата се организира по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на музеи – 18 Мај и актуелните матурски прослави во овој период од годината.

Проектот го финансира Министерството за култура на Македонија.

АКТУЕЛНО