Три предлози се дискутираат со синдикатите за почетокот на учебната година 2023/2024, рече денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
„Доколку одлучиме да почне на 1 септември, ќе почне, тоа е петок. Доколку се одлучиме за втората варијанта, тоа ќе биде во средината на септември, не би сакал да зборувам за датуми. Третата варијанта е почеток од 1 септември, но, исто така учениците да имаат пролетен распуст“, рече Шаќири, одговарајќи на новинарски прашања на настан со Црвен крст.
Министерот кажа дека официјален предлог сѐ уште не е доставен до Владата, додавајќи дека овие промени може да се реализираат и од септември, за што, според него, има доволно време.