Музичко-драмски перформанс во режија на Јордан Симонов, кој вклучува извадоци од претставата „Лонг плеј“ на Стефановски се одржа денеска на скверот „Јас и ти“ во Дебар Маало, спроти Општина Центар.
Во перформансот настапија актерот Александар Микиќ и музичарите Мирко Попов, Дина Јашари, Марија Каева и Владан Дробицки.
Организатор на настанот „Прослава на роденденот на Горан Стефановски“ е Општина Центар и годинашното одбележување е потенцирање на љубовта на драмскиот автор кон рокенролот.