„Не зависи од Град Скопје колку ќе биде затворен мостот ,,Беласица” – А од кого зависи?

„Се надеване дека МВР и ЦУК ќе ги преземат соодветните мерки за да бидат елиминирани последици и да се најдат сторителите и да бидат санкционирани, рече градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во вечерашното гостување на ТВ21.

Таа потенцира дека Градот Скопје ќе ги чека анализите и извештаите од МВР и ЦУК за да почне да постапува.

Одговорајаќи на прашањето колку би потраел периодот на затворање на мостот за сообраќај, Арсовска рече дека тоа не зависи од Градот.

„Додека сто процентно не бидеме сигурни дека мостот е безбеден за пешаци и возила, не смее да биде отворен“, рече градоначалничката.

За овие изјави на градоначалничката на Град Скопје, граѓаните на социјалните мрежи реагираат како градоначалничката дава изјави во кои е отстранета од одговорност и прашуваат кога овој мост ќе биде пуштен во употреба.

Меѓу многуте коментари на социјалните мрежи се дека „госпоѓата зема плата“, другиот коментар е дека зема „2.000 евра плата“, на што алудира дека за се некој друг е крив.

Арсовска за приватните превозници кажа дека ќе се вратат на улиците низ градот до крајот на месецов.

„Она кое го имавме како постапка, беше прекинато на два пати. Имаа недостатоци во документацијата, сега им е целосна документацијата, и во рамки на законски, јавниот повик е исполнет, договорот се склопува неделава, и очекувам скоро дека ќе се реши. Од прилика осум дена од потпишувањето на договорот приватните автобуси ќе се вратат на улиците и очекувам тоа да биде кон крајот на овој месец„ рече Арсовска, на што граѓаните бурно реагираа велеjќи дека “до крајот на месецот, училиштата нема да работат„

Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ која убедливо победи на изборите, пред граѓаните излезе со амбициозна програма насловена За модерно Скопје.

Во неа клучен дел се 15 +1 ветување односно 16 те најважни проекти кои Арсовска и најмногу ги рекламираше за време на кампањата.

Најголемата критика доаѓа и за нејзиниот однос и нетранспарентност со медиумите, а тоа значи и со граѓаните. Иако од неодамна доби и координатор за односи со јавност, официјалниот меил се користи само за соопштенија и фотографии за тоа каде се „прошетала“ градоначалничката, но очигледно не работи во втората насока бидејќи на новинарските прашања на Градска.мк никој не одговара.

 

АКТУЕЛНО