Ноќно искачување на Тимјаничка цуцка ќе се реализира во петок во Неготино, организатор на настанот е неготинката Милица Пауновска. Ова е прво ноќно искачување на Тимјаничката цуцка за 2023 година.
– Во петок во 18.30 часот, да уживаме заедно во вечерната панорама на Неготино и полната месечина. Настанот е од јавен карактер, што значи на оваа вечерна прошетка може да учествуваат сите оние кои мислат дека имаат доволно кондиција да се искачат до Тимјаничката цуцка. Патеката по која ќе пешачиме е долга околу пет километри и се пешачи околу час, до час ипол, во еден правец, напиша Пауновска во Фејсбук статусот посветен на настанот.
Љубители на природата и пешачењето и планинарењето, поединци и членови на планинарски друштва, на неколку пати во изминатиот период организираат вакви и слични ноќни искачувања. Некои од нив, со хуманитарен карактер, бидејќи доброволните донации на учесниците во искачувањата, беа наменети за хуманитарни цели.