Неколку години не сме ги виделе познатите стари црвени автобуси во кои се возеа скопјани со децении, но денеска на големо изненадување гледаме дека ЈСП не може без нив.
“Црвената лименка” како што порано ја нарекуваа граѓаните, влечеше еден од поновите автобуси кој се расипал на постојка во Ѓорче Петров.
Градоначалничката Данела Арсовска ги остави скопјани без нормален јавен превоз од ноември минатата година. Претходно го одби предлогот за БРТ, а потоа ги откачи приватните превозници, па распиша три огласи за поединечно пријавување на линиите.
Денеска по третпат побара и советниците на Градот да изгласаат одобрување на кредит за нови автобуси.
И така…
Соња Танеска