Екипите на ЕВН втор ден по ред не можат да ја реконструираат дистрибутивната мрежа во село Слупчане бидејќи жителите го блокирале влезот во селото и им се заканиле на работниците.
-Сѐ додека корисниците не дозволуваат да се работи, ќе се соочуваат со прекини во снабдувањето и сериозни дефекти како резултат на контуинирани кражби и злоупотреби во мрежата. Дефектите ќе се отстрануваат само доколку се создадат нормални услови за работа, информираат од ЕВН.
Според пресметките на ЕВ, во ова село се краде 80 отсто од годишно потрошената електрична енергија, односно се наплаќа само 20 отсто од потрошените количини.