Search
Search

Новиот ДУП е смрт за Лисиче, порачаа граѓаните денеска на протест

Со свирчиња, тапани, балони и транспаренти граѓаните од  Лисиче попладнево излегоа на протест против новиот Детален урбанистички план кој го подготвува Општина Аеродром.

Тие на протестот јасно кажаа дека не сакаат згради и дека за урбаната мафија нема место во нивната населба.

Фото Ангел Ангеловски

Лисичани бараат новиот ДУП  целосно да се повлече бидејќи е смрт за населбата.

Според новиот ДУП, во населбата Лисиче се предвидуваат маркички за девет згради.

По булеварот Србија, на просторот каде што сега нема објекти, туку само еден плац за продажба на коли, има маркички за четири големи згради.

Фото Ангел Ангеловски

Три се осумкатници со приземје, шест ката и поткровје, а зградата на ќошот меѓу булеварот Србија и улицата 12.

Македонска бригада е 12-катница со приземје, 10 ката и поткровје. Пет згради се предвидени и долж улицата 12. Македонска бригада, со што на сопствениците на куќите на овој потег им се дозволува да градат згради со приземје, четири ката и поткровје.

Општина Аеродром претходно соопшти дека ги прифатиле најголем дел од забелешките на граѓаните за Деталниот урбанистички план Лисиче и дека подготвуваат втора верзија за планот.

По завршување на оваа фаза, Општина Аеродром ќе објави нова ревидирана верзија на Деталниот урбанистички план. 

 

АКТУЕЛНО