Search
Search

Огромен пораст на поддршката за „Отворен Балкан“ во јавноста

Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ добива сѐ поголема поддршка во македонската јавност. Неа сега ја поддржуваат дури 63,3 отсто од граѓаните што е зголемување за 21 процентен поен за три години. Тоа го покажуваат податоците на последната анкета на Институтот за политички истражувања Скопје.

Анкетата открива дека младите особено ја препознаваат важноста на зголемената регионална соработка меѓу Македонија, Албанија и Србија, па 70,9 отсто од испитаниците на возраст меѓу 18 и 29 години дале позитивна оценка за „Отворен Балкан“.

Иницијатива исто така има голема поддршка кај сите етникуми во земјава. Позитивно за зголемената регионална соработка и економска интеграција меѓу одговориле 62 отсто од испитаниците кои се декларираат како Македонци и 67 отсто од испитаниците кои се декларирале како Албанци.

Негативна оценка за неа дале 15,9 отсто, што е драстична промена од анкетата пред три години кога речиси 40 отсто од граѓаните биле скептични кон оваа иницијатива.

Според анкетата за двата наши соседи од „Отвроен Балкан“ граѓаните имаат најдобро мислење и односите ги оценуваат како најпријателски, додека односите со Бугарија се оценети како најлоши, покажува анкетата.

Над 56 отсто од испитаниците на анкетата одговориле дека со Србија имаме најдобри односи, по што следува Албанија со 11,3 отсто. Од друга страна, Преку 64 отсто од испитаниците на анкетата одговориле дека со Бугарија имаме најлоши односи.

АКТУЕЛНО