Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски денес промовираше инвестиција на реконструкција на спортскиот терен кој се наоѓа во близина на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“.
„Во боите на Аеродром и МЗТ Скопје, аеродромци добиваат нов повеќенаменски спортски терен за кошарка и фудбал во близина на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“. Со инвестиции од буџетот на Општина Аеродром и во рамките на овој инвестициски циклус, спортските игралишта кои отсекогаш биле симбол на маалската дружба, добиваат нов и модерен изглед. Новите поставени содржини подразбираат подобри услови за спортистите и рекреативците, а тоа го постигнуваме преку изведба на мултифункционален спортски терен со нова тартан подлога, нови голови и кошеви, ограда, трибини и уредување на околниот простор„ се вели во објавата на социјалните мрежи на Општина Аеродром.
Според градоначалникот Муцунски инвестициите во спортот и инфраструктурата продолжуваат со несмалено темпо.
„Реконструираме и градиме спортски терени во секое населено место и училиште, со што ја докажуваме нашата заложба и посветеност за развој на спортот, како и поддршката во градењето на нови спортски таленти„ вели Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцуински.
Н.Ш