Search
Search
Постаментот од кој недостасува бистата на поетот Славко Јаневски/Фото: НУМ „Струшки вечери на поезијата“

Откорната бистата на великанот Славко Јаневски во Струга

Бистата на македонскиот поет Славко Јаневски била откорната од постаментот во склоп на алејата на поетите на кејот на истекот на Црн Дрим. Исчезнувањето, односно кражбата е пријавена во полициската станица во Струга од страна на директорот на Струшките вечери на поезијата, Тодорче Тасевски.

„Најостро го осудуваме вандалскиот чин на кражба на бистата на нашиот истакнат поет Славкко Јаневски како и обидот за кражба на бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин. Настанот е пријавен во полиција од која очекуваме да ги пронајде и да ги казни сторителите на овој вандалски чин. Бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин ќе бидат превентивно и привремено дислоцирани за да се извршат потребните технички зафати за нивно поцврсто фиксирање на постаментите за да се оневозможат ваквите вандалски чинови“, велат од НУМ „Струшки вечери на поезијата“.

Сличен вандалски чин се случи на 1 октомври 2021 година кога бистата на познатиот македонски поет Анте Поповски беше откроната од постаментот и беше фрлена во крајбрежјето. Истата беше санирана, дополнително зацврстена и вратена на постаментот.

Случајот е пријавен во полиција и се работи на пронаоѓање на сторителите и бистата.

АКТУЕЛНО