Search
Search

„Пајакот“ отстрани 105 непрописно паркирани возила за една недела

 ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје, изминатата седмица санкционираа 195 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

– Во периодот од 22 до 28 мај, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП „ПОЦ“, отстранети се 105 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“, санкционирани се 90 возила што биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се појаснува во соопштението на „ПОЦ“.

ЈП „ПОЦ“ и Општина Центар, како што се наведува, секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос, настанат од непрописно паркираните возила на територијата на општината.

– Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот, со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се истакнува во соопштението.

АКТУЕЛНО