Search
Search

„Паркови и зеленило“ со апел да не се кршат прскалките

За прв пат годинава по јавните зеленила низ Скопје повторно ќе прскаат прскалките. Од ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека досега немало потреба поради дождливиот период, но сега откако надворешните температури се високи, хидранската мрежа за поливање на зеленилото е повторно во употреба.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да не ги оштетуваат прскалките.

Ве молиме да не ги оштетувате прскалките и хидрантите кои се поставени низ парковското и булеварското зеленило во градот, со цел да ги одржат зелените површини зелени во текот на летниот период кој ни престои – велат од „Паркови и зеленило“.

 

АКТУЕЛНО