Инспекторите на пазарна утрово по вторпат месецов упаднаа на кванташки пазар каде се вршат контроли.
Тие доаѓаат по поплаки дека пазарџиите имаат нечесен пазарен однос односно дека кријат овошје и зеленчук спротивно на владината одлука.
Ќе се проверуваат и цените по кои се продаваат овошките и зеленчукот, односно дали се почитува ограничувањето на цената. Проверките ќе траат во текот на цел ден, дали има прекршувања на мерките ќе се знае веќе попладнево.