Search
Search

Почина петмесечно бебе во Грција откако таткото го заборавил во автомобилот

За убиство од небрежност се товари 37-годишен маж од грчкиот град Арта, откако повеќе од пет часа го заборавил неговото пет и пол месечно бебе во автомобилот и било пронајдено мртво, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчките медиуми повикувајќи се на полициски извори објавија дека таткото требало да го однесе новороденчето во градинка, но го заборавил на задното седиште од автомобилот, а кога мајката отишла да го земе од градинка, ја известиле дека воопшто не било донесено.

Стапила во контакт со нејзиниот сопруг за да дознае што се случило, по што било откриено дека бебето останало во автомобилот, веднаш го пренеле во болница, но била констатирана смрт.
Родителите на бебето се хоспитализирани во лоша психичка состојба, а обвинителот покренал обвинение за убиство од небрежност против 37-годишниот маж.

АКТУЕЛНО