Search
Search

Подигнати и трaнспортирани 130 тони комунален отпад во Шуто Оризари

Само во периодот 27 мај до 1 јуни, 2024 година, екипите на јавното претпријатие Комунална Хигиена, подигнаа и транспортираа вкупно 130 тони комунален отпад од домаќинствата во општината Шуто Оризари.

Оттука, претпријатието ги информира жителите на градот Скопје дека на територијата на оваа скопска општина, комуналниот отпад континуирано се собира и транспортира без никаков застој, односно во согласност со динамиката утврдена со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје и Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот, усвоени од страна на Советот на Градот Скопје

АКТУЕЛНО