Search
Search

Политичар избоден со нож во Германија

Конзервативниот политичар и антиисламски активист Михаел Стурценбергер бил избоден денеска за време на јавен митинг во Манхајм, по што полицијата пукала и го ранила напаѓачот, јави Ројтерс.

Полицијата соопшти дека сè уште не може да даде детали за степенот на повредите со кои се здобиле луѓето собрани на централниот градски плоштад Марктплац.

Видеото, кое се појави на социјалните мрежи и е означено со воден печат од антиисламската група Отворени очи на Штурценбергер, покажува како полицаец пука во напаѓачот од земја додека истовремено се бори да совлада друг маж.

Се гледа и дека во близина кружи спасувачки хеликоптер, како и дека во тој дел од градот е суспендиран јавниот превоз.

Покрај тоа, на видеото се гледа како маж со брада напаѓа луѓе на плоштадот, од кои едниот добил длабока расекотина на ногата.

Штурценбергер се опишува себеси како новинар кој го критикува исламот и бил член на неколку екстремно десничарски антиисламски организации, вклучително и движењето ПЕГИДА, кое редовно одржува маршеви во градовите, особено во Источна Германија.Полицијата соопшти дека нема непосредна опасност за јавноста.

АКТУЕЛНО