Под мотото „Помогнете ни да го разубавиме светот на кучињата, да ја обоиме Лајка“, јавното претпријатие ги повикува сите волонтери, љубители на кучиња кои сакаат да бидат општествено одговорни и хумани да дојдат во стационарот на 15 јуни од 10:00 до 14:00 часот.
„Придружете ни се во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” под покровителство на U.S. Embassy North Macedonia во Скопје и дадете го својот удел во разубавувањето на ЈП Лајка заедно со нашите добро познати уметници Драш и Мачка! Што бараме: Волонтери кои ќе ни помогнат да ги обоиме боксовите на кучињата, оградите, да ги уредиме зелените површини и да се подружиме со кучињата“, повикуваат од Лајка.
Со волонтирање, велат од Лајка, не само што ќе го направите прифатилиштето попријатно место за нашите кучиња, туку и ќе придонесете за унапредување на нивната благосостојба и зголемување на шансите за вдомување.
„Ќе ги обезбедиме сите потребни материјали, вклучувајќи боја, четки и останата опрема. Не е потребно никакво претходно искуство – дојдете во облека која нема да ви пречи да ја обоите и донесете го вашиот ентузијазам и подготвеност да направите разлика. Сите заинтересирани можат да се пријават со пополнување на формуларот на веб страната на Лајка најдоцна до 10 јуни.