Search
Search

Поплавен погон на фирма, дрво падна и оштетени три возила – пријави до ЦУК за вчерашното невреме во Скопје

Силното невреме кое вчера попладне ја зафати скопската котлина, предизвика материјална штета, а повеќе пријави и известувања од граѓаните се добиени на Единствениот број за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во ЦУК, утрово во 03:22 часот, добиена е пријава за паднато дрво врз три возила, како и на коловоз на ул.„Разловечко востание“ бр.16 (Општина Карпош). Се наведува дека дрвото паднало поради силниот ветер и обилните врнежи.

Увидна екипа од МВР била на лице место и направила увид. Од Регионалниот ЦУК Скопје е информирано за интервенција до надлежна служба за да го отстрани проблемот.

Во ЦУК на 112, е добиена пријава дека при невремето причинета е материјална штета во погонот на „Ла Пласт“, во Скопје, односно истиот е поплавен, според пријавителот најверојатно постои проблем со атмосферската канализација или пак е пукната цевка, при што водата тече по улица и се слева во неговите погони. Во моментот објектот се наоѓа поплавен до 50 сантиметри под вода. РЦУК Скопје ги извести надлежните служби за интервенирање според пријавениот итен случај.

Добиени се пријави и известувања за паднати и навалени дрвја, скршени гранки и поплавени улици.

Според УХМР, во Скопје денеска претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност, попладне со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

 

АКТУЕЛНО