Search
Search
ФОТО: World meteorological organization

Во иднина се очекуваат поплави и невремиња, најавува Поповски

Променливо дождливо време, земете чадори, топло време и слично се постојаните предупредувања на синоптичарите во нивните метеоролошки предупредувања.

Колку ќе трае оваа долга “есен”, Градска.мк разговараше со метеорологот Славчо Поповски, кој истакна дека климатските промени не се дезинформации, дека ги чувствуваме во себе.

Климатските промени, како и глобалното затоплување многу влијае врз нумеричките модели. Често се менуваат моделите, и тоа од час во час, ако денес сме рекле дека во следниот период не очекува невреме и дожд, па и снег, утре може да биде сосема поинаку и работите значително да се променат, истакна Поповски.

„Климатските промени не се дезинформации, и истите се повеќе ги чувствуваме, и тоа со појавата на се поголеми екстремни во светот (големи суши, пеколни горештини, екстремно ниски температури, поплави и големи временски непогоди)“.

Поради топење на мразот на Антарктикот, до ладење на климата во Европа и Балканот

Климатските промени, а особено глобалното затоплување е нормален процес низ кој земјата минува. И во минатото сме имале глобално затоплување, па потоа и глобално заладување на земјината топка, па потоа повторно глобално затоплување и повисоки температури. Интересно е тоа што се сега се наоѓаме во фаза на глобално затоплување, но токму поради глобалното затоплување доаѓа до топење на мразот на Антарктикот, а со тоа и до ладење на климата во Европа и Балканот.

„Токму поради тоа сега имаме постудена пролет и со многу повеќе врнежи. Во иднина очекуваме многу повеќе временски непогоди кај нас на Балканот, што значи дека граѓаните треба да се навикнат на временските непогоди, како и на поплавите. Зимите во иднина ќе имаат се повеќе снег, а ќе зачестуваат и снежните невремиња“, рече Поповски за Градска.мк.

На регионот му претстојат временски непогоди

Инаку кога сме кај поплавите, во следниот период, односно до 18 мај на регионот му претстојат нови временски непогоди, а постои опасност и од појава на поплави и лизгање на земјиштето. Време слично на есен, од колку на пролет. Кај нас во Македонија во следниот период и понатаму ќе има чести врнежи, а можно е и НЕВРЕМЕ. Температурите поради јужното воздушно струење ќе бидат повисоки и на повеќе места ќе се искачуваат до околу, па и над 20 степени, а од средината на седмицата во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и до 28, 29 степени.

Н. А.

АКТУЕЛНО