Search
Search
Фото/Градска редакција

Поранешниот полигон под Кале напуштен и претворен во дива депонија

Огромно место кое може да се искористи за рекреација па и за полесно поминување на граѓаните  за влез во Градскиот парк и Градскиот стадион –  Национална Арена „Тоше Проески”, просторот под Кале, е јавно напуштено место кој служи за паркирање или див полигон за вежбање на млади возачи, но моментално е во многу лоша состојба и страв за граѓаните кои поминуваат во овој дел за да се вклучат со Градскиот парк.

Екипата на Градска редакција го посети местото кадешто наиде само на дива депонија каде доминираат стари гуми, на некои места исфрлен градежен шут, и растенија кои растат и никнуваат неконтролирано.

Фото/Градска редакција
Фото/Градска Редакција

Зошто ова место е запоставено и никој не се грижи за него? Барем да се одржува чисто и да има осветлување да не биде хорор место за граѓаните.

Градска редакција побара мислење и одговори од Градската власт, но од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска не добивме никаков одговор. Прашавме и дали Град Скопје има план како да се пренамени или да ја среди сегашната состојба на ова локација, но добивме молк.

Фото/Градска редакција
Фото/Градска редакција

За време на екс-градоначалникот Петре Шилегов имаше некои обиди за средување и одржување на ова просторија, имаше и план за да се пренамени во паркинг кој ќе се наплаќа.

Градоначалникот Петре Шилегов планираше овој простор во иднина да се уреди, да се воведе организирано паркирање, и да  бидат изведени и спортски игралишта. Со тоа ќе се добиеше уште еден влез во Градскиот парк и паркинг простор за посетителите на Зоолошката градина.

Н.Ш

АКТУЕЛНО