Search
Search
Фото: МИА

Скопје ќе биде под посебен режим на сообраќај

Поради најавен протест, со почеток во 10 часот денеска ќе има посебен сообраќаен режим, при што по потреба сообраќајот ќе се пренасочува од крстосницата на бул.„Гоце Делечев“ со бул.„ВМРО“ кон крстосницата на бул„Илинден“ со бул.„Климент Охридски“.

Како што информираат од МВР, со почеток во 16 часот, пак, поради марш, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот по потреба ќе се пренасочува по рутата по која ќе се одвива маршот, и тоа од крстосницата на бул.„Гоце Делечев“ со бул.„ВМРО“, право по ул.„Васил Главинов“, лево по ул.„Димитрие Чуповски“ и во продолжение до бул.„11 Октомври“, пред Собранието на РСМ.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат планираните активности со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

АКТУЕЛНО