Search
Search

Потресни сцени по убиството во Белград каде засекогаш згаснаа девет животи

 

Многу луѓе се збогуваат со децата и портирот кои загинаа во престрелката, додека се молат за побрзо закрепнување на повредените.

 

Голем број граѓани положија цвеќе и запалија свеќи на местото каде што згаснаа девет животи.

Ученикот пак бидејќи нема наполнето 14 години, не е кривично одговорен – соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград.

Според Законот за малолетни сторители и казненоправна заштита на малолетни лица, ученикот е кривично неодговорен бидејќи не наполнил 14 години.

Исто така, според Вишото јавно обвинителство, одлучено е да се земе крв од момчето за токсиколошка анализа, за да се утврди дали во моментот на делото било под дејство на алкохол, наркотици или други психоактивни супстанци.

Се истражуваат сите околности на овој случај, како го добил пиштолот, кој според информациите во српските медиуми таткото го чувал во сеф со шифра,  како и мотивите на ова грозоморно злосторство.

АКТУЕЛНО