На предлог на советничката група на СДСМ, денеска Советот донесе одлука за пренамена на средства од Буџетот за повисоки плати за вработените во Град Скопје.
– Согласно одлуката, од ставката Привремени вработувања се одземаат 12 милиони денари и истите се префрлуваат на ставката Основни плати. Со ова, се обезбедуваат повисоки плати за 5.000 денари до крајот на годината, за 470 лица вработени во градската администрација без јавните претпријатија и противпожарната служба. СДСМ, преку својата советничка група и нејзините надлежности ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и Градот Скопје, се вели во соопштението од СДСМ.