Од 6 часот утрово сообраќајот кон градските гробишта Бутел се одвива кружно, а улиците во тој дел ќе бидат еднонасочни. Посебен режим на сообраќај има и по улиците кај гробишта во Камник и во Ѓорче Петров.
Денеска и утре, во делови од градот ќе има посебен сообраќаен режим. Од 6 часот утрово сообраќајот кон градските гробишта Бутел се одвива кружно, а улиците во тој дел ќе бидат еднонасочни. Возилата се упатуваат по улицата „Бутелска“, потоа по „Александар Урдаревски“, па лево по „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел. Излезот, пак, од гробишта е десно по улицата „Боца Иванова“, до кружниот тек на „Бутелска“ и од таа улица се вози десно по „Кемал Сејфула“.
Освен во овој дел од градот, поради верскиот празник Задушница, посебен режим на сообраќај има и по улиците кај гробишта во Камник и во Ѓорче Петров.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.