Search
Search

Премиера на претставата „Хајди“ во Театарот за деца и младинци

Утревечер, во 19 часот на сцената на Театар за деца и младинци – Скопје, ќе се случи премиерната изведба  на претставата „Хајди “, која е работена според романот на светски познатата авторка Јохана Шпири,  во режија на  Драгана Гунин а драматизација на Драгана Лукан Николоски.

Хајди претставува едно од класичните дела на детската литература. Десетици пати филмувана и драматизирана приказна за девојчето кое го наоѓа своето место под сонцето на планината,прегрната од природата.

Хајди претставува приказна за надежта и пријателството, за убавината на природата и чувството на слобода која ни ја дава таа. И покрај тоа што станува збор за приказна која се случува во едно друго време, Хајди ни зборува за основните, примордијални чувства и потреби на децата, а со тоа и на сите луѓе. Потребата да се припаѓа и да се биде дел од природата, тој огромен организам во кој сите ние совршено се вклопуваме во моментот кога ќе се соголиме од она што ни го наметнува општеството.

 Хајди е приказна која не посетува на тоа дека природата, пријателството и надежта, можат да ја излекуваат душата и телото, да ни помогнат дури и тогаш кога не сме свесни дека ни е потребна помош.

Со ова ново читање, се обидовме да го ослободиме ова дело од сите нишки кои на денешните деца може да им бидат далечни и да ја прикажеме сликата за искреното и чисто пријателство, вгнездено во чистата природа, моќно да направи чуда за кои луѓето немаат одговор.

Во претставата играат: Ангела Димитрова, Петар Стојанов, Наташа Петровиќ, Владимир Лазовски, Ана Левајковиќ Бошков, Изабела Новотни…

Музика: Ади Имери

Костимографија: Елена Вангеловска

Сценографија:  Кирил Василев

 

 

АКТУЕЛНО