Search
Search

Пренасочен сообраќај кон Делчево поради пукнатини на магистралата А3

Поради пукнатини на магистралата А3, која е дел од патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани, сообраќајот кон Делчево се пренасочува преку патниот правец Берово – Смојмирово – Виница.

Информацијата ја соопштија од АМСМ, а ја потврдија од подружницата на „Македонија Пат“, од каде велат дека забраната за движење на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица и Кочани е за сите возила, наведувајќи дека причината е поради пропаѓање на патот кај месноста Црквенска Река близу Делчево.

-Иако некаде до 20 часот можеше да се користи и алтернативниот патен правец преку селата Киселица и Полето, сепак поради нестабилниот терен решивме да воведеме целосна забрана за сообраќај за сите видови возила на магистралата А3, Делчево – Македонска Каменица – Кочани. Сообраќајот во моментот се одвива преку алтернативниот патен правец Делчево – Берово – Смојмирово – Виница, истакна Влатко Цоневски од подружницата на „Македонија Пат“.

Претходно на проблематичното место е поставена сообраќајна сигнализација. Поради дождот, кој повторно почна да паѓа, сообраќајот се одвива по влажни коловози.

 

АКТУЕЛНО