Search
Search

Пронајдено косовското БМВ со телата на тројцата патници

Пронајден е автомобилот БМВ со косовски таблици и телата на тројцата патници во реката Лепенец во близина на местото каде вчера попладне падна по сообраќајна несреќа, потврдуваат од МВР.

Возилото го пронашле нуркачите од полициската специјална единица Тигри и во моментов се извлекува.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар во реката Лепенец се пронајдени починати трите лица по кои се трагаше по вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје –ГП Блаце.

Пронајдено е и возилото „бмв“ во кое тие се превезувале. Како што веќе претходно информиравме, по наредба на јавен обвинител, возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување, велат од МВР.

Фото: Градска.мк

Вчера попладне во возилото БМВ со косовски таблици удрил Фолксваген туран со скопски таблички по што возилото паднало во реката Лепенец. Во него се возеле четири патници, членови на едно семејство, од кои 21-годишно момче е спасено и однесено во болницата „8 Септември“ во Скопје. Во возилото биле и неговата мајката, таткото и 16-годишниот брат.

Н.Ш

 

АКТУЕЛНО