Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2023 година, изнесувала 33.720 денари, соопшти Државниот завод за статистика.
Во споредба со февруари минатата година, има зголемување на нето-платата по вработен за 13 отсто.
„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво (21,3 %), информации и комуникации (18,5 %) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16,5 %)“, соопштува ДЗС.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: транспорт и складирање (9,7 %), рударство и вадење на камен (9,2 %) и Дејности во врска со недвижен имот (6,1 %).