Речиси четворица од десет Грци сметаат дека Договорот од Преспа е неповолен

Четворица од десет Грци (43 отсто) имаат неутрално мислење за Северна Македонија, 37,5 негативно, а само 18 отсто позитивно; речиси поделено е мислењето за поддршката на ЕУ перспективата на земјава, а Договорот од Преспа за 38,5 отсто од анкетираните е штетен, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на грчката фондација за надворешна политика ЕЛИАМЕП, во соработка со солунскиот Универзитет Македонија и Фондацијата Конрад Аденауер, јави дописничката на МИА од Атина.

Истражувањето, спроведено во втората половина на април е на тема грчкото јавно мислење за односите меѓу Грција и Албанија, меѓутоа вклучени се и прашања што се однесуваат и на другите земји од регионот, меѓу кои и нашата, а резултатите ги анализира МИА.

На прашањето „Какво е вашето мислење за …“ на анкетираните им се понудени Турција Бугарија, Северна Македонија, Албанија, Србија и Израел и можностите да одговорат дали имаат позитивно, негативно или неутрално мислење.

Само 18% од Грците имаат позитивно мислење за Македонија, 52,5% од грчките граѓани се против земјата да стане членка на Европската Унија (ЕУ), а за 38,5%, Договорот од Преспа е штетен, покажува истражувањето на јавното мислење на грчката фондација за надворешна политика ЕЛИАМЕП, направено во соработка со солунскиот Универзитет Македонија и Фондацијата Конрад Аденауер, кое го пренесе државната агенција МИА.

Неутрално мислење за Македонија имаат 43% од Грците, а 37,5% негативно. Најпозитивно мислење Грците имаат за Србија, 60%, а најнегативно за Турција, 65%. Пред пет години, 40,5% од Грците имале негативно мислење за Македонија, неутрално, исто така 40,5%, а
позитивно, 17%. Подршка за влез на Македонија во ЕУ даваат 45%, а 2,5% одбиле да одговорат.

Најголема подршка за влез во ЕУ, Грците даваат на Србија, а најмала на Турција. Истражувањето е спроведено од 15 до 21. април 2024 година со анкетирани 1.165 лица по случаен избор.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави