Search
Search

Референдумот за самопридонес, споменик на еуфоријата на скопјани кои го сакаа својот град

Во средината на 70-тите години на минатиот век Скопје доживува неверојатна еуфорија, се распишува референдум за месен самопридонес со чии средства градот треба да го измени својот лик, за масовно да се градат пред се спортски објекти во речиси секоја населба, вели хроничарот Данило Коцевски во своите статии.

Во тој период медиумите интензивно ја следат кампањата, но за жал нема многу податоци на интернет за овој период бидејќи веројатно не се дигитализирани архивите.

Нова македонија тогаш објавува серија написи, анкети, согледувања со граѓаните, скопјани ќе излезат на референдумот за самопридонес на 17 октомври 1976 година. Одлуката е да се платат 2 проценти од сите лични доходи во период на 60 месеци.

Импресионира готовноста на скопјани, да се вклучат во акцијата за спроведување на првиот самопридонес со кој ќе се изградат голем број објекти за масовен спорт и рекреација.

-Ние младите немаме места каде да го минуваме времето, вели еден млад скопјанец, пишува Коцевски.

Друг пак појаснува дека во нивната населба има само една слаткарница, но таму не можат да се соберат сите млади, затоа им биле потребни спортски објекти, базени и игралишта.

За тоа што значат тие бројни игралишта, трим патеки, базени, најголемиот и најпознатиот спортско рекреативен центр како „Треска“, средување на речните корита, спортски сали итн, се изнесени бројни аргументи за референсумот.

Граѓаните секако гласале за, некои објекти се изградиле и постојат и денес, дел од нив се оставени на забот на времето.

Извор: Данило Коцевски/ Досие Скопје

АКТУЕЛНО