Search
Search

Реката Серава и носталгијата по неа…

Во минатото реката Серава течела и минувала низ самиот град Скопје делејќи го неговото централно градско јадро (стариот дел со маалата Топаана, Чаир, Гази Баба и Старата скопска чаршија) на два дела, влевајќи се во Вардар. Постарите секогаш раскажуваат како таму наоѓале свежина кога биле млади во жешките летни месеци. Децата си играа во оваа река која сега остана само илустрација низ фотографии.

Серава до седумдесеттите години од минатиот век, мирно и тивко течеше низ некогашните Топанско поле и Бутел, меѓу ширните ниви и лозјата. Нејзиното коритце оддалеку се забележуваше, благодарејќи на дрвјата од двете страни. Навлегувајќи во градот една уличка беше нејзино корито обградено со камени блокови. Со широчина од  3 метри, па од уличката имаше само тесни тротоари по 1,5 метар. На некои места реката ја прескокнуваа мали мовчиња. И од двете страни се редеа ниски ориентални куќи со мали пенџериња и високи sидови колку и куќите. Во тоа време, иако Серева поминуваше и кај Бит Пазар, немаше видлива загаденост зашто нејзините соседи имаа чувство на одговорност и срам ако пред нивниот простор има ѓубре. Таа каналска уличка, ги делеше маалата Топаана десно и Чаир лево, но и од двете страни имаше слепени дуќанчиња со кепенци. Таквиот амбиент секогаш влечеше да се мине и да се доживее ориенталниот амбиент и патина.

Во втората половина на XX век по Скопскиот земјотрес од 1963 година, коритото на реката Серава низ градот Скопје било покриено и пополочено оставајќи преку подземни канали дел од водата и денес да се влева на истото место кај зградата на МАНУ. Во тоа време, долното течение на реката на потегот од населбата Бутел вештачки е пренасочено кон северозапад низ Визбеговското Поле во долината на Момин Поток.

 

Н. А. 

АКТУЕЛНО